Сметководителите бараат да бидат консултурани за измените на Законот за сметководствени работи

Од:

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, заедно со националните активни здруженија, комори и Сојузот на сметководители кои се грижат за подобрување на условите и квалитетот на сметководствените услуги и сметководствената професија, како и за имплементација на законските и подзаконските решенија и меѓународната пракса денеска одржа тркалезна маса на која се разговараше за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи.

Како што соопштија од Институтот на сметководители, во рамки на тркалезната маса се потпишаа и договори за соработка со цел здружен настап за подобрување на стандардот во професијата.

– Активностите кои овие здруженија на сметководители ги спроведуваат се однесуваат на подобрување на статусот на носителите на сметководствената професија. Предлог – закон за измени и дополнувања на Законот за вршење сметководствени работи, и конципирање на предлозите повторно како и во повеќето случаи до сега се направени без да се слушнат мислењата на релевантните институции и организации т.е. сметководителите преку здруженијата ниту пак е перцепирано нивното мислење, констатираа учесниците на тракалезната маса.

Со измените, се наведува, се предвидува продолжување на рок за упис во официјалните регистри, како и намалување на часовите за континуирана професионална едукација (КПУ) чекор кој здруженијата го поздравија, но сепак констатираа дека за да биде изготвено применливо решение потребно беше да биде консултирана фелата.

На тркалезната маса, претседателката на Институтот, Ленче Папазовска ги запозна присутните со потпишаниот Договор за соработка за размена на информации и нивно упарување помеѓу Централниот регистар и Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, заради непречена законска достава на годишните сметки за 2017 година од овластени сметководители.

– Повеќе од сигурно е дека иднината на сметководствената професија не зависи од сегашната перцепција која се сведува и подразбира внес на деловните трансакции, туку ќе зависи, пред се, од неопходноста сметководителите да ги проучуваат финансиските извештаи, како и да ги анализираат предностите и недостатоците на одделни трансакции, рече Папазовска.

Според неа, најголем дел од својот ангажман тие треба да го трошат на комуникација со своите клиенти и при тоа да ги разгледуваат деловните стратегии, тежнеејќи кон совршенос, да се обучат сметководителите за да можат да ги распознаат навреме проблемите и при тоа да заземат проактивна улога и подготовка за алтернативни решенија согласно позитивните прописи, улогата на сметководителот да биде креативна која дава стратешка поддршка на ентитетот за кој дава услуги како и сметководството врз основа на финансиските информации да претставува квалитетна основа при донесување стратешки одлуки.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен новиот закон за сметководствени работи, подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите

И танц-клубовите на протест, бараат укинување на забраната за нивна работа

Ана Ололовска

Од утре и сметководителите на протест, ќе им се придружат на туристичко-угостителските работници

Ана Ололовска

Бесими на средба со сметководителите: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија

Катерина Ѓуровски

Бектеши: сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, нема пролонгирање на рокот за завршните сметки

Маја Илиевска-Пачемска

Сметководителите под стрес оти Владата не попушта и не го продолжува рокот за поднесување завршни сметки

Маја Илиевска-Пачемска