Словенија продолжува да ги субвенционира платите на граѓаните кои чекаат работа

Од:

Словенечката Влада ја продолжи мерката за субвенционирање на платите во периодот додека луѓето чекаат работа, а се проценува дека такви заработувачки за август ќе примат околу 24.000 работници, најави министерот за труд, семејство и социјална политика Јанез Циглер Краљ.

Одлуката за продолжување на оваа мерка, која е воведена во април на врвот на кризата предизвикана со пандемијата на Ковид-19, е донесена бидејќи се проценува дека се уште им е потребна на работодавците.

– Повеќе од 24.000 работници се уште чекаат работа, бидејќи во некои индустрии нема закрепнување или тоа не е се уште доволно силно за да можат работодавците да ги вработат луѓето, истакна Циглер Краљ, додавајќи дека таа мерка би можела да биде продолжена најмногу до крајот на септември.

Агенцијата за вработување на Словенија до 10 јули исплатила 242,5 милиони евра како надомест за плата на работниците, кои се времено отпуштени, покажуваат податоците на словенечката Влада.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он