Скоро милион Италијанци останале без работа во изминатата година

Од:

Речиси милион луѓе во Италија останаа без работа во изминатата година како резултат на пандемијата на коронавирусот. Националната агенција за статистика соопшти дека стапката на вработеност паднала за 2,2 процентни поени до 56,5 отсто.

Националниот завод за статистика Истат објави дека нешто помалку од 22,2 милиони луѓе биле вработени во Италија во февруари, што значи дека тој број останал стабилен во споредба со јануари, но 945.000 помалку отколку во февруари 2020 година.

Заводот за статистика забележува дека се засегнати и мажите и жените, самовработените, оние што имаат договори за вработување и сите возрасни групи.

Во истиот период, невработеноста се зголеми од 9,8 на 10,2 процента.

Бројот на таканаречените „неактивни“ се зголеми за 717.000 достигнувајќи повеќе од 14 милиони. Но, тие се исклучени од статистиката за невработени.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски