Скопскиот регион со најголемо учество во БДП, најмало во североисточниот

Од:

Скопскиот регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 43 отсто учество во БДП отпаѓа на скопскиот регион, а најмало или 4,9 отсто има североисточниот регион.

Вардарскиот има учество од 7,7 осто, истониот 8,2, југозападниот 8,3, југоисточниот 9,4, пелагонискиот 11,2 и полошкиот 7,2 отсто.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат скопскиот регион со индекс 142, југоисточниот регион со индекс 112,2, вардарскиот регион 104,6 и пелагонискиот регион со индекс 101,7. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Во 2018 година, во Република Северна Македонија се реализирани 132.387 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 5 отсто помалку во однос на 2017 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2018 година и понатаму има скопскиот регион со 52,3 отсто, додека најмало е учеството на североисточниот регион со 3,3 отсто.

Споредено со 2017 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан во североисточниот регион (65.5 %), вардарскиот регион (21.4 %), југоисточниот регион (14.6 %) и источниот регион за (11.6 %). Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во југозападниот (20.4 %), полошкиот (16.4 %) и во скопскиот регион (9.8 %).

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов