Скопје Сити Мол продаден за 92 милиони евра на британска компанија

Од:

Компанијата Hystead Limited од Велика Британија во косопственост на Hyprop Investments Limited  и PDI Investment Holdings Limited  го купија трговскиот центар Скопје Сити Мол од Balfin Finance BV од Амстердам за 92 милиони евра.

– Наша цел е да поседуваме портфолио од шопинг центри со висок квалитет во Југоисточна Европа. Македонија е мало, отворено стопанство кое направи големи чекори за зацврстување на економијата во текот на последната деценија. Според проценките на Светска банка, реалниот пораст на македонскиот БДП изнесува 3,3  отсто за 2017 година. Високата стапка на издаденост, ветувачкиот број посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на Скопје Сити Мол се гаранција за атрактивноста на инвестицијата, вели главниот извршен директор на Hyprop Пиетер Принсло, кој очекува оваа инвестиција да ги зголеми приходите на компанијата.

Тој додава дека постоечкиот управувачки тим на Трговскиот центар ќе остане со цел да се задржат критичните вештини.

Стратегијата на Hyprop за Југо-источна Европа е да ги купува доминантните шопинг центри преку Hystead. Hyprop има удел од 60  отсто во Hystead, додека PDI, компанија застапувана од Луис Норвал, го поседува останатиот удел од 40 отсто. Hystead сега поседува три објекти во Југоисточна Европа, и тоа Delta City Podgorica (Црна Гора), Delta City Belgrade (Србија), двата купени претходно годинава и денешното преземање на Скопје Сити Молl (Македонија).

Скопје Сити Мол има 37.600 метри квадратни бруто површина за изнајмување и 137 закупци, помеѓу кои Зара, Теранова, Котон, ЛЦ Ваикики, Бершка, Њу Јоркер и Фешн и Френдс.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски