Скопје од утре без парно греење?

Од:

Дали  скопјани ќе се смрзуваат? Од утре постои закана радијаторите да останат студени.

Макпетрол денеска соопшти дека од утре ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас кон компанијата „Производство на топлина“ поради неисплатен долг од 105 милиони денари.

„Производство на топлина” ДООЕЛ – Скопје , инаку е е фирма ќерка на „Топлификација”, управувана од групацијата кон којашто припаѓа А.Д. „ТЕ-ТО” Скопје.

„За можните последици по снабдувањето на граѓаните и стопанските субјекти со топлинска енергија ,,Макпетрол” АД Скопје нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на Макпетрол АД Скопје“, стои  во соопштението.

За ново настанатата  состојба, Макпетрол ја известил и Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

ЕСМ апелира да се обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите