Скопјани се смрзнуваат

Од:

Над 45.000 скопјани од Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Општина Гази Баба кои ги користат услугите на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), се уште немаат парно греење.

Од Балкан Енерџи Груп не кажуваат зошто се уште не почнуваат со греење во Скопје, иако според температурите се исполнети условите за да се затоплат радијаторите.

„Се задолжува Друштвото за производство на топлинска енергија Балкан Енерџи Груп да превземе соодветни мерки, да обезбеди сигурна, квалитетна, ефикасна испорака на топлинска енергија до вршителот на енергетската дејност дистрибуција на топлинска енергија, а со цел заштита на правата на потрошувачите и корисниците на ситемот на топлинска енергија.

– Откако вршителот на регулираната енергетска дејност производство на топлинска енергија не отпочна со вршење на дејноста соодветно на создадените временски услови, Регулаторната комисија за енергетика на ден 07.10.2013 година, испрати Предупредување до основачот Балкан Енерџи Груп АД Скопје заради неотпочнување на грејна сезона 2013/2014 година, со кое укажа на обврските кои произлегуваат од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со топлинска енергија и обврските од Лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на топлинска енергија, како и потребата за отпочнување со испорака на топлинска енергија во претстојната грејна сезона“, стои во Одлуката на Регулаторна комисија.

Доколку компанијата продолжи да не го почитува Правилникот за топлинска енергија донесен од РКЕ, следува парична казна и одземање на лиценцата.

 

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он