Скопјани ќе имаат парно, државата ќе управува со БЕГ за до крајот на грејната сезона да нема проблеми

Од:

Владата преку Електрани на Северна Македонија ќе управува со БЕГ до крај на грејната сезона. Ова е одлуката која ја донесе државата со цел скопјани да имаат парно и тоа да не се исклучи од вечерва, како што беше најавено од БЕГ поради немање на гас. ТЕ-ТО е задолжено да произведува и дополнителна електрична енергија, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

„Утре ќе има парно греење и ќе имаат до крај на грејната сезона. Сите други одлуки се дел од решенијата кои ќе ги донесеме, како и мерките, финансиските средства кои треба да се обезбедат за мерките да се спроведат. До крајот на грејната сезона нема да има проблем со греењето“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Меѓу ЕСМ и ТЕ-ТО има договор, а идната недела ќе се потпише договорот за ЕСМ да управува со БЕГ. Договорот за испорака на вишоци електрична енергија, потпишан е денеска“, рече Бектеши, што значи дека ТЕ-ТО ќе дава гас на БЕГ за скопјани да имаат топлинска енергија.

БЕГ и натаму ќе има лиценци, обзнани претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски. Тој вели дека БЕГ ветиле и подобрување со снабдувањето, а откако во изминатиот период дел од граѓаните се жалеа на млаки, наместо топли радијатори. Беслимоски е лут на експертите, кои реагираа дека може да се очекува големо покачување на парното поради покачувањето на цената на гасот.

„Во изминатиот период имаше најризични очекувања и најави дека ќе се случи апокалипса со топлинската енергија. Кризата со која се соочува со Европа ќе заврши со едноставно поскапување од 14 проценти. Во наредниот период ќе има одлука со која ќе се определи реална цена на топлинската цена, а разликата со постоечката цена, ќе се надокнади од Владата“, рече Беслимоски.

Би можело да ве интересира

Средба Бектеши- Ибрахимај: Со зголемување на соработката помеѓу Македонија и Албанија до полесно надминување на кризата

А1он

Мицотакис соопшти дополнителни мерки за справување со покачувањата на цената на струјата

А1он

Двоцифрен раст на цените на струјата и гасот за домаќинствата во ЕУ

А1он

Бектеши: Носиме мерки за заштита на граѓаните, но одредени општини ја злоупотребуваат електричната енергија на товар на домаќинствата

А1он

Во Албанија над 50 илјади семејства ќе плаќаат поскапа струја

А1он

Албанските семејства кои ќе трошат над 700 квч месечно ќе плаќаат поскапа струја

А1он