СКМ иницира предстечајно порамнување

Од:

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на 23. седница одржана вчера, расправаше за потребата од иницирање задолжително предстечајно порамнување, пред донесувањето на најавениот Закон за финансиска дисциплина.

Како што наведуваат во соопштението од Стопанската комора,  во досегашната пракса, недоволно, може да се каже и воопшто, не се користи доброволното порамнување со должникот пред отворање на стечајната постапка за кое условите се определени со Законот, и, како по правило, во стечај се оди без план за реструктуирање. Се спроведуваат многу малку стечајни планови, што укажува на фактот дека постои очигледен јаз меѓу формалната и вистинската правна стечајна процедура. Затоа, стечајот на претпријатието во Република Македонија по правило значи негово исчезнување.

Од Комората сметаат дека со последните измени и дополнувања на Законот за стечај, од 29 мај 2013 година, направен е напор кон благо свртување кон моделот на реструктуирање и опстанок на стечајниот должник, но како и во досегашната пракса и позитивните прописи, неизвесно е очекуваното позитивно поместување во праксата на тој план, пред се поради доброволноста од една, како и некористењето на досегашната правна можност за претстечајно порамнување од друга страна.

– Имајќи ја предвид актуелната состојба на македонското стопанство на планот на ликвидноста и задолженоста, се укажа на потребата од прочистување на перспективните од неперспективните инсолвентни правни субјекти, пред воведувањето на најавениот закон за финансиска дисциплина, па оттаму се постави прашањето дали истото ќе биде поттикнато преку воведување задолжително предстечајно порамнување, наведуваат во соопштението од Стопанската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потенцијалите на земјоделството неискористени, субвенциите без резултат

Ана Ололовска

Презентација на Инструментот за кофинансирани грантови

Ана Ололовска

Работна средба на СКСЗМ со премиерот и министрите за земјоделство и за образование

Азески: Состојбите во млекопроизводството неповолни

Ана Ололовска

Стопанска комора: „Даночен календар“ за да се избегнат брзите, нагли промени на даночните политики

Ана Ололовска

Позитивни резултати за времетраењето на постапките решени со Арбитража

Ана Ололовска

Leave a Comment

13 + fourteen =