Синдикат на Клинички центар: Поддршка за покачувањето на минималната плата и барање за скалесто покачување на останатите плати

Од:

Синдикатот на Клинички центар го поддржува покачувањето на минималната плата на 18000,00 денари и бара скалесто покачување на останатите плати.

„Доколку постојните колективни договори не се усогласат со минималната плата најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за минимална плата согласно член 8 од Законот за минимална плата, одредбите од колективните договори на кои се однесува Законот престануваат да важат.

Најниската плата за најнизок степен на сложеност за полно работно време и нормален учинок согласно Спогодбата потпишана помеѓу Министерот за здравство и репрезентативниот синдикат која сега изнесува 14090,00 денари не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Законот за минимална плата. Таа е основата со која согласно Колективниот договор се утврдува платата на сите вработени во јавните здравствени установи зависно од нивниот коефициент на сложеност“, соопшти Синдикатот на Клинички центар.

„Со покачување на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати се врши изедначување или приближување и несоодветен сооднос во месечните примања на различни профили занимања.

Со ова се нарушува основниот принцип на Колективниот договор, а тоа е правилното вреднување на степенот на образование, кое ја одредува сложеноста и одговорноста на работното место.

Практиката на покачувањето само на минималната плата без доследна примена на законските одредби за скалесто покачување на останатите плати доведува до оправдана реакција на останатите вработени, нивна демотивираност и намалена продуктивност и работна успешност.

Каква ќе биде емпатијата, грижата, и љубезноста на медицинската сестра со средно стручно образование кон пациентите кога се знае дека нејзината основна плата е приближна на висината на сега покачената минимална плата.

Крајниот резултат од покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати е Колективен договор кој e спротивен на Закон и e неважечки, намалена желба за стручно усовршување и континуирана медицинска едукација на здравствените работници и соработници и дополнителна причина за одлив на доктори и медицински сестри од јавното здравство“, се наведува во соопштението на Синдикатот на Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат