Штедачите од „Еуростандард банка“ бараат државата да ги обесштети и да ги испита можните малверзации

Од:

„Пропаѓањето на Еуростандард Банка или црната за нас среда, 12 август, не остави без нашите лични парични средства. Се работи за цели семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочуваат со проблеми со ликвидност и затворање,“ изјавија денеска од новоформираното здружение на штедачи оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка.

Од здружението бараат државата во целост да ги исплати нивните побарувања од банката, а потоа да наплати од стечајната маса на банката. Исто така, побараа и истрага за можните издавања на кредити без покритие и други малверзации во работењето на пропаднатата банка.

Еве ја во целост изјавата од здружението:

„Верувавме во систем којшто не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција регулирана и контролирана од државата. Сите знаеме дека основата на нашиот банкарски систем се депозитите на штедачите,како домашни така и оние на наши сограѓани со работа во странство. За жал, години наназад а еве и сега, токму таа основа на банкарскиот систем односно штедачите се доведени да останат без своите тешко спечалени средства.

Деновиве слушаме изјави од Народна Банка како една од највисоките државни институции која се издига високо над банкарскиот систем, како истиот тој систем е стабилен и дека останатите банки се во одлична состојба. Сепак, до нашето Здружение секојдневно пристигнуваат пораки со прашања на штедачи што да прават со своите заштеди во банките.
Одговорот на тоа прашање за жал ние како паталци не можеме да го дадеме.

Во моментов нашето а и нивното зависи од оние што гатаат постојано дека системот е стабилен а сепак на неколку години се повторува истата голгота на цели семејства со пропаѓање на банки и прашањето како такво повторно станува актуелно.

Истата таа институција чие име започнува со зборот „Народна“ и треба да служи на народот, сега е исправена пред нов предизвик да докаже дека служи на целиот народ вклучувајќи не и нас и да го реши овој наш проблем најбрзо и најефикасно, пред да бидеме сведоци на големи семејни трагедии.

А трагедии и потресни стории за тешки човечки судбини веќе имаме и би сакале да споделиме дел од нив за да знае пошироката јавност за каков проблем точно се работи. Не сме 0,6% како што не претставуваат туку сме цели
семејства и фирми кои моментално се во незавидна состојба. Луѓе загубиле се што имале, го вложиле животот, здравјето, пензиите, заштедата за своите најмили.

Еве неколку стории меѓу нас:

 Мајка добила долгоочекувани пари како оштета за нанесена телесна повреда од небрежност на државна институција, и истите се уплатени во Еуростандард Банка а се наменети за лекување на нејзиното болно дете во странство. Парите се заробени и детето неможе да се лекува.

 Татко на две деца повеќе од 15 години работи во мисиите во Ирак и Авганистан, тешко спечалени пари со пот и крв, далеку од своите, децата го немаат видено. Прв пат биле оштетени како семејство во аферата Фиком, за да повторно сите средства со крвава заштеда од 2012 година наваму сега им се заробени во Еуростандард Банка. Семејството е во очајна состојба.

 Имаме бројни ситуации каде членови продале личен имот и бидејќи според закон трансакцијата мора да оди преку банка, на трансакциска сметка која се смета како депозит по видување се заробуваат парите во Еуростандард Банка. Спротивно на тоа, имаме членови кои подолг период штеделе да купат свој дом за себе или за своите најблиски и сега средствата им се заробени и моментално се под кирија.

 Фирми страдаат исто така. Парите им се заробени целосно со пропаѓањето на банката. Доведени во тешка состојба, неможат да сервисираат долгови, немаат ликвидност, неможат да работат, вработените да земат плата, блокирани се, фирми се затвораат поради настанатата состојба. Фирмите се законски должни да работат со трансакции преку банка, ги користеле услугите на Еуростандард Банка. Има и фирми кои работеле само со оваа банка и сега сите пари им се заробени.

 Пензионери ставиле цела заштеда во Еуростандард Банка, некои непосредно пред да се затвори банката, сигурноста ја немаат повеќе. Меѓу нив има и луѓе кои изгубиле се во аферата ТАТ.

Бараме итно решавање на нашиот проблем со носење на законско решение со коешто државата ќе ги превземе нашите побарувања на физички и правни лица од Еуростандард Банка и во целост парично ќе не обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса. За ова наше барање, ние доставивме предлог закон на состанокот со Премиерот Зоран Заев и Вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за решавање на нашиот проблем од нивна страна. Овие денови имаме состаноци со пратеничките групи во Собранието за да побараме и нивна поддршка за донесување на закон.

Истовремено, ги поттикнуваме и подржуваме надлежните институции да ги испитаат сите наводни индиции за направени злоупотреби или непостапување по службена должност односно сторен криминал на лица на одговорни позиции во Еуростандард Банка при одобрувањето и пласирањето на кредити без соодветни покритија како и други можни малверзации коишто се случувале во банката во тек на повеќе минати години под директна контрола и супервизија на Народна Банка.

Би можело да ве интересира

Во инфлација штедачите поминуваат најлошо, а оние што купиле стан на кредит најдобро, сметаат аналитичарите

Орце Костов

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска