Шолц: Германија ќе ја „преживее“ зимата и покрај енергетските проблеми

Од:

Германија е во добра позиција да ја „преживее“ зимата и покрај проблемите на енергетскиот пазар, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц вети дека Германија ќе продолжи да се движи „со голема брзина“ во ослободување од Русија во однос на енергентите.

Тој им се обрати на парламентарците во Бундестагот, каде ја критикуваше енергетската политика на поранешната канцеларка Ангела Меркел.

– Германија ефикасно работеше на пополнување на резервите на гас и забрзување на изградбата на терминали способни да примаат течен гас. Резервите на гас се над 86 отсто од капацитетот и ќе се користат за загревање домови, производство на електрична енергија и одржување на индустријата, рече Шолц.

Тој оцени дека, бидејќи подготовките почнале рано, Германија сега може „храбро да се соочи со зимата“ и оти „државата ќе преживее“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон и Шолц ги повикаа Приштина и Белград на нови избори на северот на Косово

Шолц: Подготвен сум да разговарам со Путин за Украина

Ана Ололовска

Шолц: Се надевам дека Бајден повторно ќе победи на изборите

Ана Ололовска

Директна порака за Русија, се огласи Олаф Шолц

Time го вклучи Шолц на листата на 100 највлијателни луѓе во 2023 година

Ана Ололовска

Шолц: Путин е секогаш многу љубезен

Горан Наумовски