Шолц е убеден дека Германија успешно ќе се справи со гасната криза

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц е убеден дека неговата земја успешно ќе ја надмине кризата со природен гас, јави ДПА.

dobivaj vesti na viber

„Ние донесовме одлуки на самиот почеток на кризата. Се подготвуваме за фактот дека ситуацијата може да стане многу тешка“, рече тој на состанокот во неговата изборна единица Михендорф во покраината Бранденбург, во близина на главниот град Берлин. Во врска со можноста Германија да престане да добива испораки на руски гас, Шолц го изјави следново: „Затоа донесовме многу, многу важни одлуки“.

Тој додаде дека Германија има шанса „успешно да ја помине оваа тешка ситуација“.

Како примери за конкретните подготовки на федералната влада за посериозни сценарија, Шолц ги наведе изградбата на цевководи долж северниот брег на Германија, изградбата на терминали за течен природен гас и полнењето складишта за гас.

Што се однесува до високите цени на енергенсите, тој рече дека состојбата на граѓаните ќе се олесни по усвоените мерки на сојузно ниво за поддршка на населението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц: Потребни ни се мигрантите

Германија им приговара на САД за високите цени на гасот

Ана Ололовска

Германска партија ги налути Евреите: Им честиташе верски празник со фотографија од исламско светилиште

А1он

Германска компанија до 2030 ќе ги затвори сите електроцентрали на јаглен

А1он

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата, се до крај на 2024 година

А1он

Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

А1он