Шести економски форум на БиХ, главен фокус на целите за одржлив развој

Од:

Шестиот економски форум на Босна и Херцеговина започнува денеска во Сараево со главен фокус на целите за одржлив развој како трансформатор на општествените промени со посебен акцент на предизвиците со кои се соочува регионот и земјите во развој како БиХ и Западен Балкан.

Главниот говорник на Форумот во 2022 година е Исмаил Серагелдин, потпретседател на Меѓународниот центар Низами Ганџави и поранешен потпретседател на Светска банка (1992-2000).

Економскиот форум на Босна и Херцеговина 2022 година ќе го отворат деканот на Економскиот факултет во Сараево Јасмина Селимовиќ, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и премиерот на Кантонот Сараево Един Форто.

Програмата на Економскиот форум БиХ 2022 година е конципирана во две панел сесии. Темата на првата сесија е „Глобални предизвици и Западен Балкан: отпорност, рестарт и редизајнирање на одржлив развој“, додека втората сесија е насловена „Мобилизирање зелено финансирање за обнова и забрзување напредок на цели за одржлив развој“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина