„Шел“ најавува отпуштање на речиси 9.000 работници поради намалена побарувачка на нафта

Од:

Мултинационалната нафтена компанија Ројал Дач Шел (Royal Dutch Shell) соопшти денеска дека планира да скрати од 7.000 до 9000 работни места како дел од големото преструктуирање за да ги намали трошоците поради падот на побарувачката и цените на нафтата.

Околу 1.500 луѓе веќе ја напуштиле компанијата доброволно, додека останатиот дел ќе ја напуштат до 2022 година. Реорганизацијата треба да овозможи заштеда од две до 2,5 милијарди долари годишно.

Шел прецизира дека очекува надомест за амортизација од една милијарда до 1,5 милијарди долари во третиот квартал.

Како и неговиот ривал БП, кој исто така најави укинување на 10.000 работни места, и Шел се соочува не само со последиците од пандемијата на вирусот, туку и со предизвикот за енергетска транзиција.

Во денешното соопштение, Шел прецизира дека „околу 80 проценти од продажбата на течен природен гас во 2020 година биле поврзани со цената на нафтата“, чиј остар пад од почетокот на годината се рефлектира на маржите.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски