Шахпаска: Недела треба да биде неработен ден за најголемиот дел работници

Од:

Дебатата што се одвиваше изминатиот период навистина беше опсежна и дава значаен придонес во подготовката на конечното законско решение, преку кое ќе се овозможи денот недела да биде неработен ден порача министерката за за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет на кој се дискутираа измените на Законот за работни односи со кои се предвидува недела да биде неработен ден.

„Идејата на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е да создадат услови поголемиот дел од работниците да можат денот недела да го поминуваат со семејството, како основна клетка на едно функционално општество“ – вели Шахпаска.

Таа нагласи дека законското решение мора да биде конципирано на тој начин за да обезбеди ефикасно функционирање на системот, при што оние работници кои работат во дејности кои не се неопходни да работат во континуитет, во недела да не работат.

Би можело да ве интересира

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска