Шахпаска: Доколку одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми

Од:

Доколку во конечното решение се одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми, строго определено работно време, но и обврски на сопствениците на продавниците за одреден процент од средствата да се слеваат во државната каса и дополнителен надомест за работниците кои ќе работат во недела, порача денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

-Повеќе од три месеци како Влада разговараме со сите партнери кои се засегнати со носењето на законското решение – недела, ден за неделен одмор. Дебатата е суштинска и во текот на расправата за првичната замисла на МТСП во недела сите работници да не работат, освен оние во дејностите кои се неопходни за непречено функционирање на државата, произлегоа други размислувања за кои ние отворено дебатираме. Како носители на одлуките мора да се соочиме со бројките и реалноста и оттука размислуваме и за делот на работењето на трговските центри, рече Шахпаска во одговор на прашање при денешната презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки 2021 година.

Анализите и бројките, како што кажа, говорат дека трговските центри повеќе од 50 проценти од нивниот седмичен промет го прават точно во недела.

-Тоа се сериозни бројки кои се придонес на целокупната економија во државата, а доколку се согледаат и аргументите за шопинг туризмот на граѓани од нашите соседни држави и тие бројки не треба да се занемарат, потенцира Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он

Министерството за економија достави до Собранието предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница

Ана Ололовска