Сериозен проблен за Казахстан – Русија прекина работа на нафтовод

Од:

Претседателот на Кaзахстан, Касим Жомарт Токаев денеска и порача на својата влада да ги диверзифицира маршрутите за снабдување со нафта, еден ден откако рускиот суд му нареди на Конзорциумот на Каспискиот гасовод да ја прекине работата на 30 дена.

dobivaj vesti na viber

Запирањето на нафтоводот, што носи нафта од огромното казахстанско поле Тенгиз преку Русија до Црното Море, ќе му наштети на нафтениот пазар во момент кога се соочува со една од најтешките кризи за снабдување од арапското нафтено ембарго во 1970-те.

Токаев, сакајќи да ги балансира односите со Русија, Западот и Кина, нарача студија за изградба на нафтовод преку Каспиското Море, претходно предложен проект со кој ќе се транспортира казахстанската нафта во Европа со заобиколување на Русија.

Токаев рече дека подобрувањето на пристанишната инфраструктура на Каспиското Море е „стратешка задача“ за казахстанската влада, според веб-страницата на претседателот, каде не е споменат Конзорциумот за Каспискиот гасовод.

Силно зависен од фосилни горива, Казахстан се потпира на руските нафтоводи за извоз на нафта во Европа.

Судот во рускиот град Новоросијск вчера нареди нафтоводот CPC, што обработува околу 1 отсто од светската нафта, да ја прекине работата, наведувајќи ги проблемите поврзани со излевањето на нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија ја отфрли спогодбата за изградба на нафтовод до Александропулос

Ана Ололовска