Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

Од:

Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа.

Во наредните три месеци од 01 октомври до 31 декември секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село – ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со износ по свој избор во рамките на сметката.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за потребата за поддршка на децата од оваа ранлива група и да се поттикне индивидуалното донаторство – секој граѓанин да има можност индивидуално да делува и да допридонесе  за сигурна иднина на децата без родителска грижа.

ЗАОКРУЖИ СМЕТКА ВО НЕПТУН И ДОНИРАЈ ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Би можело да ве интересира

Добредојдовте во новиот Нептун

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка”

„Нептун Македонија“ – Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

„Нептун“ слави 30 години со голема роденденска наградна игра

Голем Gaming настан во НЕПТУН

Ана Ололовска

Хуманитарна кампања на Нептун Македонија: Заокружи сметка и донирај за СОС Детско село

Ана Ололовска