Се затвора најстарата швајцарска банка „Вегелин“

Од:

Најстарата швајцарска банка „Вегелин“планира трајно да ги затвори своите шалтери откако пред њујоршкиот суд призна дека им помагала на американски државјани да го избегнат плаќањето данок, соопштуваат денеска британските медиуми.

Вегелин банката се согласи на американските власти да им плати казна од 57,8 милиони долари, а откако ќе го исплати посочениот износ, како што јавува Би-Би-Си, трајно ќе ги затвори шалтерите.

Во банката признаа дека во периодот од речиси 10 години им овозможиле на повеќе од 100 Американци да прикријат данок во американската даночна упарава во вредност од 1,2 милијарда долари.

Вегелин банката, основана во 1741 година во Сент Гален, е првата банка што ја призна вината во американсиките судски процеси отворени заради даночни малверзации.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски