Се снима спот, 6000 луѓе ќе се носат на протести контра АМАН

Од:

А1 дознава дека се подготвува цел сет пропаганадни мерки кои вклучуваат контра протести за иницијативата на АМАН против поскапувањето на струјата но и силна медиумска поддршка.

Така, веќе почнал да се снима спoт во кој главен актер е братот на една позната фолк пеачка со иницијали Д.П., кој бил избркан во 2004. година од ЕСМ како технолошки вишок.

Спотот против приватизацијата настаната во времето на СДСМ ќе треба да се врти на сите провладини телевизии и портали, а овој лик ќе сводочи за „голготата“, низ која минал, откако останал без работа.

Финансирањето на спотовите наводно ќе биде од две новоформирани невладини здруженија.

Во меѓувреме од партијата на власт имало директиви секоја општинска организација да испрати по десет луѓе на протестите кои ќе ги органазираат две новоформирани здруженија-едното за ЕСМ а другото за стечјаците.

Протестите се закажани за во понеделник пред Порта Македонија, а е предивдено да се појават 6000 луѓе. Само петстотини треба да се појават од општина Аеродром. Сите што треба да се појават веќе се на партиските списоци.

 

Би можело да ве интересира

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов

Од полноќ ново поскапување на горивата

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов

Од денеска не важат замрзнатите цени на храната – се стравува дека нагло се ќе поскапи

Анита Петровска Рајковиќ