Се прават анализи за при ценовен шок на нафтените деривати, да помогне Владата

Од:

Регулаторна се уште ги нема објавено новите цени на нафтените деривати. Според цените на струјата и гасот, познавачи на проблематиката велат дека порастот на цените ќе биде околу 10 проценти. Премиерот Димитар Ковачевски, тврди дека ниту тој не знае колку ќе поскапат бензинот и нафтата. Тој посочи дека се ќе биде според анализите. Не е познато како би се помогнало на граѓаните при ценовен шок.

„Не знам за одлуките на Регулаторна. Во однос на мерките не сакам да коментирам, а важам и за таков човек кој не коментира пред да се донесе одлука. Се правата анализи за маржите на цените. Според тоа ќе бидат донесени мерките“, посочи Ковачевски.

Тој е дециден дека на бензиските пумпи има нафтени деривати.

„Јас веќе кажав пред два дена мислам дека има голем дисбаланс во цените на светските берзи. Во С. Македонија има доволни количини нафта и нафтени деривати, како на бензиските пумпи така и во резервите. Тоа што се случува на бензинските пумпи е од шпекулативни причини“, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се раздвоија во бизнисот, ама… кумот не се дели од премиерот и тие што делат државна помош

Петар Клинчарски

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел

Ковачевски – Фон дер Лајен: Време е за мудри одлуки, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ се заштитени

Ковачевски: Малку кој веруваше дека ќе имаме просечната плата над 500 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски застана во одбрана на примитивизмот на Џафери

Катерина Павлова-Николовска