Се менува законот за трговски друштва во функција на заштита на акционерите

Од:

Владата усвoи предлог-измени на Законот за трговски друштва чија цел е заштита на акционерите со обезбедување поголема транспарентност при зделките на акционерските друштва, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Измените се направени согласно препораките од Светска Банка – тимот на Doing Business, но и во согласност со мерките предвидени со Високиот дијалог помеѓу Македонија и Европската Унија во делот на Главата за Функционална пазарна економија.

Досегашниот минимум од 15% се намалува на 5%. Со нов член се предвидува надградба во квалитет на постапката за одобрување зделка со заинтересирана страна кај акционерско друштво чии хартии од вредност котираат на овластена берза, и тоа во насока на зголемување на транспарентноста на процесот.

Исто така, се даваат нови права за малцинските акционери. Акционер со право на глас, доколку смета дека друштвото е оштетено поради постоење на очигледен несразмер помеѓу взаемните давања и чинења кои произлегуваат од договор склучен меѓу заинтересирани страни, кој договор истовремено е нефер, односно вредноста на зделката не е утврдена според пазарните услови може да поднесе тужба до надлежен суд за поништување на договорот, и тоа во рок од една година од денот на сознавањето за постоењето на таквиот договор, но не повеќе од три години од денот на неговото одобрување согласно одредбите на овој закон.

Исто така, се воведува нова обврска, годишната сметка и финансиските извештаи задолжително да ги потпишува сметководителот односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, а потоа и застапникот на трговското друштво.

Во насока на исполнување на обврска произлезена од Високиот дијалог помеѓу Македонија и Европската Унија во делот на Главата за Функционална пазарна економија, се утврдува постапка за утврдување на статус на неактивен субјект и негово бришење од регистарот.

Постапката ја поведува Централниот Регистар, фактите ги утврдува УЈП, и го известува ЦР за статусот на друштвото.

„Измените на Законот за трговски друштва, се во насока на поддршка на компаниите, исполнување на препораките на Светската банка и Европската Комисија. Тие овозможуваат корист за компаниите преку овозможување на пристап до поголеми средства, ја зацврстуваат положбата на малцинските акционери и им овозможуваат право на судска заштита, ја засилуваат транспарентноста на работа на друштвата и ја подобруваат конкурентноста на националната економија”, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он