ВИДЕО: Се комплетира имплементацијата на еколошката мерка за субвенционирана набавка на инвертер клима уреди

Од:

Од денеска до крајот на викендов жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар кои ги исполниле условите имаат можност да ги вратат нееколошките печки кои веќе не ги употребуваат и ги замениле со ефикасни инвертер клима уреди, преку можноста што им беше дадена за субвеницонирана набавка, порача премиерот Зоран Заев по денешната посета на Претоварната станица позади пунктот на „Водовод и канализација“ – Скопје во скопски Карпош заедно со генералниот директор на АД ЕСМ и скопскиот градоначалник.

-Сето ова се финализира пред почетокот на новата грејна сезона и следејќи ги сите анализи кои покажуваат дека нееколошкото греење е најголемиот загадувач на амбиенталниот воздух. Денеска овде можеме да видиме дека се комплетира имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди во домаќинствата кои досега се грееле на дрва или на други нееколошки енергенси и уреди. Старите печки кои имаат висока емисија на јаглероден диоксид и штетни ПМ честички кои ги гледаме тука одложени, во домаќинствата веќе се заменети со еколошко и далеку поевтино греење – високоефикасните инвертер клима уреди, што значи обезбедување квалитетна и здрава животна околина што беше и наша цел која си ја зададовме, рече Заев.

Премиерот нагласи дека со промената на греењето на еколошки системи драстично ќе се намали загадувањето и додаде дека досега над 1.000 граѓани ги вратиле своите стари печки со интенција нивниот број да достигне до 5.000.

Посочи дека АД ЕСМ покажа високо чувство за општествена одговорност со обезбедувањето средства во висина од 618 милиони денари или 10 милиони евра за имплементација на субвенционирањето на инвертер клима уреди за домаќинствата, а Градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и Дрисла, рече, ја финализираат последната фаза од постапката за замена на нееколошките грејни тела.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски истакна дека во компанијата се задоволни од начинот на кој се спроведува акцијата за субвенционирана набавка на инвертер клими кои ќе се користат за загревање на домовите и додаде дека потрошувачката на енергија за загревање со инвертери е памала и според пресметките штетата за производство на енергија за греење со клима инвертерите е далеку помала од штетата која настанува ако домовите се загреваат со печки на цврсти и фосилни горива.

-АД ЕСМ ги обезбеди 10-те милиони евра за реализација на овој проект кои беа префрлени во буџетот на државата и од таму распределени на Градот Скопје, Битола, Тетово и Кичево, кои беа мапирани како градови во кои има најголемо загадување на амбиентниот воздух, рече Ковачевски и додаде дека АД ЕСМ овие средства ги обезбедило со планско менаџирање на компанијата, значително намалување на трошоците, зголемување на производството и продажба на вишоците на енергија на домашниот и на странскиот пазар.

Тој ги повика граѓаните да се приклучат на акцијата и да помогнат во намалувањето на загадувањето.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов рече дека денеска се собрани на едно место трите институции кои ја поведоа акцијата за замена на печките на тврди и фосилни горива со современи инвертери.

-Вакви акции претходно имавме во Шуто Оризари и Сарај, а овде во наредните три дена ќе биде собирен пункт за граѓаните од општините Ѓорче Петров и Карпош. Луѓето доаѓаат, ги оставаат старите печки кои потоа завршуваат на Дрисла ја земаат потврдата и им се исплаќа износот до 62 илјади денари. Градот доби средства за замена на околу 5.300, а веќе се стигнати 4.080 апликации, наредната недела продолжува аплицирањето и во текот на зимава ќе имаме околу 5.000 помалку оџаци кои ќе го загадуваат воздухот во скопската котлина. Со тоа ќе продолжи трендот што го имаме во последните години на намалување на параметрите за загаденост на официјалните мерни станици за квалитетот на воздухот, рече Шилегов.

Тој ги повика и останатите градоначалници, кои административно не се дел од Градот Скопје, но се во Скопската котлина, да направат благ притисок и во општините Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Сопиште и Студеничани за и таму да се поведат акции за замена на нееколошките печки со инвертери.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов