СДСМ: Земјоделците се заинтересирани за мерката „Млад земјоделец“

Од:

11 години ВМРО –ДПМНЕ ги игнорираше потребите на земјоделците, а мерките важеа само за селектираните и партиски луѓе. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со нивните манипулации со јавноста и ширење на дезинформации. Обработката и доделувањето на договорите за мерката Млад земјоделец се во завршна фаза, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуноски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Денес, за разлика од тоа време покрај неселективниот пристап кон земјоделците, се поставија нови критериуми со бодувања во зависност од учеството во инвестицијата, нејзината местоположба и типот на опремата или инвестицијата.

Уште за првиот оглас во 2017 година, се склучија 424 договори со млади земјоделци до 40 години, за што вкупно се исплатија 4 милиони евра.“, велат од партијата.

„Во новата Програма за рурален развој 2019 година, се зголеми неповратната финансиска помош од 10.000 на 20.000 евра и се острани границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе да конкурираат.

Големиот интерес од страна на земјоделците за мерката Млад земјоделец е уште една потврда за отвореноста и пристапноста на мерките кои ги нуди Министерството за земјоделство , водостопанство и шумарство и потврда за вистинска грижа за земјоделците.“, заклучи СДСМ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски