СДСМ: Започнува авансната исплата на грантовите за млади земјоделци

Од:

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат со вистинска грижа и поддршка за земјоделците. За прв пат, воведуваме авансна исплата на грантовите наменети за млади земјоделци рече на прес конференција Гоце Георгиевски, претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

– Почнувајќи од оваа година, младите земјоделци кои ќе аплицираат за грант, ќе бидат исплатени веднаш по склучување на договор за финансиска поддршка во висина до 40%. Грантовите се реализираат преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

СДСМ: Уште еднаш се потврди дека Мицкоски едно зборува дома друго зборува надвор

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски