СДСМ: За скандалот со неправилностите во распределбата на придонесите за пензиите одговороност мора да има

Од:

„Секој инволвиран во скандалот што го откри Министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска мора да понесе одговорност.

За тоа какви злоупотреби се направени, кој и за што ќе одговара, ќе кажат надлежните правосудни институции а не политичките партии. Таа пракса на којшто е навикната ВМРО-ДПМНЕ, да прогласува кој е виновен а кој не, преку партиски говорници, наместо преку институциите, заврши со нивното заминување во опозиција.

Факт е дека неправилностите во распределбата на парите од придонесите во вториот пензиски столб, со што се оштетени 12 илјади граѓани-осигуреници, се случувале во време на владеењето на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Неправилностите се откриени, неправдата кон овие 12.000 граѓани е исправена, полниот износ на нивните пензии е обезбеден.

Со 19 милиони евра од буџетот решен е проблемот токму од страна на Министерството за труд и социјална политика и минстерката Царовска.

Веќе е започната и уплата на парите од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пензиски столб.

Поднесени се соодветни пријави до правосудните органи и институциите ќе постапуваат согласно законските надлежности“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Кривична за поранешен директор на Фондот за ПИОМ: Исплаќал плати на луѓе кои не доаѓале на работа

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна