СДСМ: За пристојна старост и во време на криза, зголемени пензии за 10 отсто година

Од:

„СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани. И во време на светска економска криза, преку одговорен пристап и инклузивен процес обезбедивме средства за рекордно зголемување на пензиите“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Околу 330.000 пензионери добиваат покачување од 6,8 отсто на пензиите. Во пракса тоа значи дека оној кој добива просечна пензија од околу 17.000 денари, сега има покачување од околу 1.200 денари.

Ова е второ покачување на пензиите за годинава, откако во март тие беа зголемени за 2,9 отсто, што значи дека во период од само шест месеци имаме вкупно околу 10 отсто зголемување на пензиите.

Ваквото покачување се должи на новата методологија на усогласување на пензиите, договорена заедно со пензионерските здруженија.

Согласно овој модел процентот на покачување е збир од 50 отсто од порастот на трошоците на живот и 50 отсто од растот на просечната плата.

Грижата продолжува, нашите највозрасни сограѓани, кои ја граделе оваа земја, заслужуваат да имаат достоинствена старост“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: На изборите во 2024 година ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, убедливо најлоша локална власт во историјата на градот

Ана Ололовска

СДСМ: 2023 ќе биде година за економска пресвртница, на нова надеж

Ана Ололовска

Зечевиќ со Ана Линде: Одличната соработка продолжува, членството во ЕУ е врвен национален интерес

Шутаров: Град Скопје е во колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Поради ВМРО-ДПМНЕ Скопје е во целосен хаос