СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири неоснована паника, лажни се вестите за наводна инфлација поради поскапувањето на еден тип на леб

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажни се информациите на ВМРО-ДПМНЕ за наводна инфлација заради поскапување на само еден тип на леб. ВМРО-ДПМНЕ шири неоснована паника.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ и пред неколку месеци ширеше лаги за раст инфлација, што на крајот се потврди како уште една од промашена лага-официјално инфлацијата е пониска за 1.5 од очекуваното.
Токму ВМРО-ДПМНЕ преку нивните криминалните и расипнички политики со години ја осиромашуваа и задолжуваа државата заради лично богатење на поединци, а стотици илјади граѓани живееја во долгови и под прагот на сиромаштија.

Таквиот однос кон граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ преку успешни економски политики ја стабилизира и придвижува економијата. Растат платите, пензиите, се отвораат нови работни места, се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Растот на Бруто домашниот производ во третиот квартал на 2018 година е последниот доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Според јавно објавените податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено само четири производители на леб, а досега ниту еден голем производител на леб ја нема зголемено цената.

Граѓаните да бидат спокојни. Институциите ја следат ситуацијата и доколку се појави потреба навремено ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува