СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше земјоделците

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да манипулира со јавноста преку секојдневни лаги и измислици во кои никој не верува.

Крајно лицемерно е истите тие ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги игнорираа потребите на земјоделците денес да глумат лажна загриженост и преку бесмислени изјави да зборуваат за земјоделството.

За разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ, денес се води вистинска грижа за земјоделците.

Уште една лага во низа на ВМРО- ДПМНЕ е дека нема откуп на праските, нема извоз или дека скапуваат на дрвјата.

Вистината е дека денеска во Росоман беше остварена средба помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, на која е разговарано за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, констатирано е дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово, но презентирани се и предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите на праски.

Во меѓувреме инспектори од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот.

Како што е јавно соопштено, веќе следната недела ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка со цел да има откуп на целокупната произведена количина на праски.

И како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги потценува земоделците, да го погазува нивниот труд.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преку проектите и реформите кои ги спроведуваат покажуваат вистинска грижа за земјоделците, повеќе пари остануваат кај секој земјоделец, а конечно се врати достоинството кај земјоделеците“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува