СДСМ: Владата вистински се грижи за лозарите, дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје

Од:

„Владата предводена од СДСМ, низ партнерски однос презема конкретни мерки да им помогне на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија.

Дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје, наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок ќе се обезбедат од средствата од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со коронавирусот“, велат од СДСМ.

„За винските сорти вранец и смедервка остануваат претходно договорените 2 денари субвенции за килограм, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања, како и 2 денари субвенција за откупено грозје. Овие средства ќе им бидат исплатени на лозарите до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата со коронавирусот.

Дополнително останува супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино

Владата предводена од СДСМ, во изминатите 3 години покажа вистинска грижа за лозарите, со решавање на наследениот хаос во овој сектор, со исплата на заостанатите субвенции, редовно и неселективно плаќање на субвенциите, а го реши и долгогодишниот проблем со исплатата на предадено, а неисплатено грозје на винариите „Стефани“ и „Повардарие“ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари.

Продолжуваме посветено да работиме уште повеќе за поквалитетно земјоделско производство. Како одговорна партија СДСМ презема чекори и мерки во интерес на лозарите и креира политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува