СДСМ: Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се лажни, струјата нема да поскапи

Од:

СДСМ соопшти дека се лажни тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оти враќањето на евтината струја ќе ја покачи цената на електричната енергија.

– Граѓаните да бидат спокојни. Ниту во моментов, ниту во блиска иднина ќе нема никакво покачување на цената на електричната енергија, стои во соопштението.

Владата предводена од СДСМ, се додава, ја враќа дневната евтина тарифа на струјата што ВМРО-ДПМНЕ ја укина.

– Од први октовмри, секој ден од 14 до 16 часот сите граѓани ќе можат да користат електрична енергија по поевтина тарифа. Евтината тарифа ќе продолжи да важи и во периодот од 22 до седум часот секој ден и 24 часа во недела, укажува СДСМ.

Појаснува дека враќањето на дневната евтина тарифа на струјата ќе биде овозможено преку кратење на непродуктивните трошоци и домаќинско и одговорно работење на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

– Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат, ќе имаат пониски сметки за струја и ќе им остануваат повеќе пари во семејниот буџет. Ова е само една од низата мерки што ќе овозможат враќање на повеќе пари кај граѓаните, намалување на трошоците за живот и поголеми семејни буџети. Зборот е збор, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат чесно, одговорно и единствено во интерес на граѓаните, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

(ВИДЕО) Јанчева: Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето