СДСМ: Усвоени законските измени за антикризните мерки на Владата

Од:

Вчера вечер Собранието ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата.

Со ова исполнети се правните услови за целосна реализација на антикризните мерки на Владата кои ги објави премиерот Димитар Ковачевски.

„Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата а ги помагаме и компаниите, стопанството. Го укинуваме ДДВ за основните производи храна. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка“, соопшти СДСМ.

„Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%.

Без плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија која би била 80% поскапа доколку нема субвенции, ги поддржуваме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Има мерки заштита на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка на стопанството.

Покрај овие мерки, ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, воведовме финансиска помош од 3.000 денари за пензионерите и историски најмногу ги зголемивме пензиите.

Во услови на најголема криза парите ги насочуваме онаму каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК