СДСМ: Состојбата со ПИОМ се стабилизира, пензиите растат согласно трошоците за живот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, ускратувајќи го законското право пензиите да се усогласуваат со растот на трошоците за живот.

Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.

За разлика од таквиот потценувачки пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ги покачува пензиите во согласност со растот на трошоците на живот и растот на платите.

Усогласувањето на пензиите од 1 јануари 2018 година изнесува 1,69 отсто. Овој процент на усогласување на пензиите ќе се исплати ретроактивно за јануари, февруари и март 2018 година со исплата на пензијата за март 2018 година.

Со зголемувањето на минималанта плата и растот на просечната плата, се отвори сприралата за раст на платите, што позитвино влијае и врз идното реално покачување на пензиите.

Владата предводена од СДСМ преку успешните економски мерки и Планот за економски раст поттикнува отворање нови работни места, повисоки плати и економски раст. На тој начин ќе се стабилизира состојбата во ПИОМ и се обезбедува сигурност за сегашните, но и за идните пензионери“, се вели во реакцијата на прес-конференцијата на Слободанка Алексовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески