СДСМ: Со петтиот пакет мерки помагаме на занаетчиите и самостојните вршители на дејност

Од:

„Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ активно и посветено работи на спроведување на економските мерки и политики што обезбедуваат помош и поддршка за сите граѓани и компании погодени од последиците од коронакризта.

Во тек е реализација на петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра насочен кон спасување на работни места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството“, велат СДСМ.

„Со мерките од овој пакет им се помага на самостојните вршители на дејност на регистрираните занаетчии.

На регистрираните занаетчии им се овозможува решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.

Преку мерката 6 од овој пакет обезбедуваме финансиска поткрепа за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година.

Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а таргет група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021.

СДСМ, како одговорна партија покажува континуирана грижа и обезбедува помош и поддршка за работниците, граѓаните и стопанството. Продолжуваме со нови мерки и политики што носат дополнителни можности за рестарт на македонската економија и шанса за сите“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов