СДСМ: Со одговорни економски политики обезбедуваме услови за рестарт на македонската економија

Од:

„СДСМ со одговорни и навремени економски политики обезбеди раст на платите и на пензиите и во услови на најголемата светска здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, истовремено создавајќи можности за рестарт на македонската економија.

И во услови на рецесија просечната плата во ноември 2020 година е зголемена за 7 отсто во однос на ноември 2019 година, а пензиите не се намалени, ниту се замрзнати, туку тие со јануарското законско усогласување се зголемени за 1.2 отсто“, велат СДСМ.

„Истовремено, продолжува и помошта и поддршката за економијата и спас на работните места.

Преку кредитната линија, КОВИД 3 досега, одобрени се бескаматни кредити за 1.276 кредитни барања од компании кои вработуваат 9.450 лица, во вкупен износ од 14,7 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ преку четири пакети економски мерки вредни над една милијарда евра, спаси стотици илјадници работни места и помогна на десетици илјади компании. Во финална фаза е и петтиот пакет мерки наменет за поддршка на граѓаните, на компаниите.

СДСМ како одговорна партија останува силно посветена да им помага на компаниите и на граѓаните, погодени со кризата, а паралелно презема чекори за рестарт на македонската економија и враќање на претходните стапки на раст“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов