СДСМ: Со чесни политики покажавме дека пензиите може да растат, а дупката во буџетот на ПИОМ да опаѓа

Од:

„Одговорните политики на СДСМ и спроведените реформи, овозможија со домаќинско и чесно работење да се намали дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За само една година, дефицитот во ПИОМ е намален за 3,77 милијарди денари. Приходите во ПИОМ растат за 10% споредено во првите десет месеци на 2019 со истиот период од 2018 година. Тоа не е само поради раст на придонесот од 0.4 отсто, туку и поради растот на платите и нови вработувања

За следната година Буџетот на ПИОМ за 2020 година предвидува расходи во вкупен износ од 77,3 милијарди денари од кои 60,7 милијарди денари се наманети за редовна и навремена исплата на пензиите со вклучено зголемување од јануарската пензија од околу 700 денари дополнително над редовното усогласување“, соопштуваат од СДСМ.

„Ваквите расходи на ПИОМ се оддржливи имајќи ги во предвид ефектите од реформата која освен промената на начинот на индексација вклучуваше и зголемени стапки на придонес сукцесивно во две години 2019 година и 2020 година.

Сето тоа овозможи над 320.000 пезнионери веќе со јануарската исплата да добијат повисоки пензии за 700 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и дополнително ќе се усогласи со 160-200 денари, според трошоите на живот, што во суштина значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.

Сето тоа ќе влијае на раст на просечната пензија која ќе изнесува 15.500 денари, што значи дека од доаѓањето на власт на СДСМ, просечната пензија се зголемува за 1.746 денари.

СДСМ покажува дека со правилна и чесна работа е возможно пензиите да растат, а Буџетот на ПИОМ не само да не биде оштетен туку дефицитот да се намалува“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува