СДСМ: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците

Од:

Наша одлика е да бидеме постојани во тоа што го работиме и да го одржиме зборот, секое ветување да го докажеме на дело. Опозицијата освен да се кити со туѓи перја, ништо друго не знае. СДСМ може и знае да спроведува големи реформи и да дава помош секогаш кога е потребно, во интерес на сите земјоделци. Изминатава недела беше недела на големи одлуки, за земјоделците рече на прес конференција Гоце Георгиевски претседателот на Комисијата за земjоделство на СДСМ.

Владата предводена од СДСМ усвои финансиска поддршка за намалување на последиците од КОВИД кризата врз производството и откупот на јаболко, ориз, грозје и тоа: – Поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз, во висина од 3 денари по килограм.– Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.– Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм, вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје