СДСМ: Рекордно зголемување на пензиите од 6,8% за сите пензионери

Од:

„Грижата за граѓаните и политиките на владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски доведоа до рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери ќе земат септемвриска пензија повисока за 6,8 проценти“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Просечната пензија, која во јули 2022 година изнесуваше 16.348 денари, со усогласувањето од 6,8 проценти во септември изнесува 17.422 денари, што е за 1.074 денари повеќе.

Рекордното зголемување на пензиите се должи на новата методологија за усогласување на пензиите со комбиниран модел со порастот на просечната плата и порастот на трошоците за живот.

По стабилизирањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ со инклузивен пристап, низ дијалог со сите засегнати страни, воспостави систем, според кој пензиите ќе се усогласуваат со растот на платите и трошоците на живот два пати годишно во март и во септември и никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја или да бидат предмет за уцени и манипулации на пензионерите.

СДСМ продолжува со мерки и политики за вистинска грижа за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каевски: Институциите да ја испитаат улогата на Мицкоски во спорниот тендер

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, затоа Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ: Ковачевски со Бајден, Мицкоски со Апасиев, тоа е разликата

Ана Ололовска

СДСМ: Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Митрески: Со злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува работата на комисиите во Собранието на штета на граѓаните

Ана Ололовска

Каевски: За расколот и кавгите за медот, ВМРО-ДПМНЕ да ги бараат проблемите кај себе

Ана Ололовска