СДСМ: Рекордно покачување до 40% на платите на лекарите

Од:

„Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат, СДСМ, како одговрна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници.

По подтигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Во текот на следната година предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и администрацијата која работи во здравството.

СДСМ со оваа мерка го враќа достоинството на здравствените работници и ќе продолжи и понатаму да работи, не само во однос на зголемувањето на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов