СДСМ: Рекордни 430 милиони евра инвестиции во ТИРЗ

Од:

„Успешните економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. И во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ)“, соопшти СДСМ.

„За една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиони евра нови инвестиции. Оваа година започна со нови големи вложувања, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции

Во ТИРЗ лани се отворени 2.300 нови работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

И за странските и за домашните инвеститори, е обезбедена стабилност за вложувањата, за нашите граѓани добро платени и сигурни работни места.

Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат економски раст и конкурентна економија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов