СДСМ: Ребалансот на Буџетот не е во интерес на граѓаните

Од:

Економско-социјалниот совет на СДСМ, обвини дека ребалансот на Буџетот е резултат на нејзината лоша економска политика. Ребаланост, смета Советот, не е во интерес на граѓаните, ниту пак е развоен.

Ванчо Узунов, претседател на Советот вели дека Владата, иако со ребалансот скратила од капиталните инвестиции, а не од тековните трансфери за плати, социјални давачки, пензии, сепак не скратила од средствата, кои како што рече, и служат на власта за зголемување на рејтингот.

СДСМ тврди дека Владата не мисли на најсиромашните поради тоа што не предвидела месечни ваучери за основни прехранбени производи за најсиромашните.

Ребаланост, смета Советот, не е во интерес на граѓаните, ниту пак е развоен.

Атанаско Тунески, кој е член на овој Совет, смета дека со ребалансот повторно е запоставен развојот на енергетскиот сектот, нешто што, како што вели, се случувало во изминатите години.

– И оние малку средства што беа предвидени за гасификација или за инвестиции во енергетиката, сега се преполовени. Со тоа Македонија станува зависник од увоз на скапа електрична енергија, вели Тунески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илиевски: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

И СДСМ почна да бега од ДУИ, велат од коалцијата ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Костова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање

Горан Наумовски

ДУИ: За да ги прикрие неуспесите на неговата партија, Филипче користи анти-ДУИ наратив

СДСМ: Шокантно е што Митева и Владата сметаат дека безбедноста и мирот во државата не заслужуваат лидерска средба