СДСМ: Растат платите и пензиите, обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните

Од:

„Со зголемување на минималната плата на 12.000 денари, над 90.000 работници во сите стопански гранки добиваат повисоки плати. Од април оваа година, минималната плата се усогласува согласно Законот за минимална плата и изнесува 12.507 денари нето.

Отворен е процес за ново зголемување на минималната плата на 13.000 денари, за зголемување на социјалната помош за повеќе од 300%.

Зголемени се платите за 5% и 10% за вработените во здравството, образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор…

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Од 13.754 на крајот на 2016 година, на 14.580 денари во март 2019 година.

Со овие мерки се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и пензии, економски раст, повеќе пари и подобар животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов