СДСМ протестира за неприфатените уставни измени

Од:

СДСМ одржа симболичен протест пред седиштето на ОКТА, со цел како што рекоа да укажат зашто ВМРО-ДПМНЕ не сакале да прифатат уставни измени со кои криминалот од приватизацијата нема да застарува.

„ОКТА е совршен пример за тоа. Нашата единствена рафинерија беше продадена во 4 очи на крајот на деведесеттите и на нејзината продажба стои потписот на Никола Груевски, тогашниот министер за финансии, а денешен премиер на Република Македонија“, рече Стефан Богоев од СДСМ.

Според него, продажбата во четири очи не е единствениот проблем со оваа приватизација, туку и склучениот догвор со рафинеријата со кој граѓаните возат на најнеквалитетни горива.

„Ние сме овде да го потсетиме, и него и неговите сопартијци, дека криминал толку голем не може да замине во историјата незабележан. Господине Груевски, лицемерно е да зборувате за криминални приватизации, а да не се сеќавате кој ја продаде нашата единствена рафинерија во 4 очи, кој го продаде единствениот телеком што го имаме, националната платежна картичка“, рече Богоев.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со „гарантирана цена“ и пониски маржи СДСМ го штити стандардот на граѓаните

СДСМ: Нови мерки за намалување на цените на соковите, пијалоците, овошјето и зеленчукот

Горан Наумовски

Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на СДСМ со ДУИ и останатите албански партии

Орце Костов

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: ДПМНЕ се распаѓа, внатрешниот раскол Мицкоски да не го товари на СДСМ

(ВИДЕО) Ристова: Ги намаливме цените на над 500 прехранбени производи, СДСМ го штити стандардот на народот