СДСМ: Просечната плата во ноември 2019 поголема за 5,1 отсто

Од:

„Успешните економски политики на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Факт е дека платите се зголемуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври 2019 година изнесува 25.787 денари, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2018 година.

Со СДСМ, платите растат постојано и многу побрзо. За последниве две и пол години просечната нето плата е зголемена за речиси 3.000 денари“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари.

Со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со младинскиот додаток на плата од 3.000 денари за млади вработени во производство и предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат раст на платите и повисок животен стандард за граѓаните.

Остануваме посветени на концептот повеќе пари во секое семејство“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов