СДСМ: Просечната плата во јуни 2019 е поголема за 4,1 отсто

Од:

„Продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда дека економијата е стабилна и поставена на здрави основи.

Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1002 денари за период од една година“, соопштуваат од СДСМ.

„Трендот на раст на платите продолжува и понатаму . Се отвори спиралата на раст на платите, откако претходно имавме раст на минималната плата од 9 000 на 12.500 , но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.

Истовремено, преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите имаме и во приватниот сектор.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветено да работи на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов