СДСМ: Придвижувањето на економијата е реално

Од:

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални резултати. Растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум година, велат преку соопштение од СДСМ.

„Индустриското производство во 2018 бележи раст од 5,4 отсто.

По години уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, денес со придвижувањето во процесот на интеграциите, местото во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.

Покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата, извозот, како и бројот на работници во индустријата“, стои во нивното соопштение.

Од партијата додаваат дека со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат. Интеграцијата во двата најмоќни светски сојузи отвора реални можности за зголемен број странски инвестиции, нови работни места и повисоки плати, што ќе значат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, посочуваат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски