СДСМ: Преземаме конкретни мерки, заштитуваме 250.000 работни места, помагаме на над 35.000 компании, заеднички ќе ги надминеме последиците од коронавирусот

Од:

„Заштита на здравјето на граѓаните и ублажување на ударот врз економијата се наши приоротети во овие тешки времиња, кога се соочуваме со пандемијата со коронавирусот.

Преку конкретни мерки го штитиме здравјето на граѓаните, но и спроведуваме и низа мерки за ублажување на ударот врз економијата.

Владата го усвои вториот голем економски пакет, вреден 200 милиони евра, што овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата – за работниците, за стопанството, за малите и средни претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија“, велат од СДСМ.

„Со овие мерки, во овие тешки времиња, ќе сочуваме најмалку 250.000 работни места и ќе им помогнеме на над 35.000 компании полесно да ја пребродат оваа здравствена и економска криза.

Преземаме суштински, ефикасни мерки и се грижиме за сите граѓани.

Ги кратиме сите непродуктивни трошоци, а во духот на солидарноста сите функционери на државно и на локално ниво во наредните два месеца ќе примаат минимална нето плата од 14.500 денари.

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, како и претседателите и членовите на Советите во општините, а кои се вработени, нема да примаат надомест за времетраење на кризата.

Во изминатите две и пол години, многу пати покажавме и докажавме дека знаеме и можеме да се справиме со сериозни предизвици, да носиме храбри одлуки за подобра иднина, за остварување на децениските цели- членство во НАТО и отпочнување на преговори за членство со Европската унија, со што обезбедивме просперитетна иднина за граѓаните и државата!

Тоа ќе го докажеме и сега. Заедно, сплотени, со конкретни мерки ќе се справиме и со оваа тешка здравствена и економска криза“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов