СДСМ: Повторно високи откупни цени за тутнот, исплатени се над 86 милиони евра

Од:

„Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откупот на тутнoт е целосно завршен.

Повторно високи откупни цени за тутунот и оваа година, со просечна цена од 214,24 денари по килограм тутн.

Она што е важно, досега, исплатени се 98,24 отсто од вкупните количини на предаден тутун, а кон тутунопроизводителите исплатени се над 86 милиони евра за продаденото производство.

Рекордната цена од 217,60 денари по килограм тутун за реколтата 2017 година позитивно влијаеше на зголемувањето на производството и зголемениот откуп на тутун.

За реколтата 2018 година склучени се над 4.700 договори повеќе во однос на претходната година, а истовремено, забележано е зголемување на засадените површини со тутн за 387 хекатри повеќе во однос на 2017.

За оваа реколта исто така позитивно влијаа и обезбедените субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм тутун, во зависност од класата.

Владата предводена од СДСМ и Министерството продолжуваат со грижата кон земјоделците и остануваат силно посветени на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделството и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени

Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто