СДСМ: Потпишани договори за 23 проекти од програмата на ТАВ во висина од 9,9 милиони евра

Од:

„Врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев се инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите на живот на локално ниво, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Во вкупно 75 општини се финансираат 99 проекти, во сите плански региони со прераспределба на средствата од ТАВ кои беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, во висина од 35 милиони евра“, велат СДСМ.

„Договорите веќе се потпишани и доделени се средства за проекти во 23 општини во вкупна вредност од 9,9 милиони евра.

Дел од 23те општини кои веќе ги потпишаа договорите и влегуваат во реализација на проектите се општините Бутел, Прилеп, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Карпош и Неготино.

Средствата ќе се користат за следните намени: изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти значајни за развој на општините.

Преку сериозен и одговорен пристап вложуваме во капитални проекти кои носат локален економски раст и рамномерен регионален развој, проекти кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот во сите општини.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со реализација на конкретни мерки и политики што се во интерес на граѓаните и државата.

Затоа со право велиме дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески